Бурек во Ниш за Гинис: Пита тешка 200 кг, ја снема за 15 минути


Најголем бурек на Балканот направен е во Ниш, а синоќа бил бесплатно поделен на граѓаните од овој град на традиционалната манифестација денови на бурекот. Овој бурек во пречник од околу два метри тежел 200 килограми, а, како што објавија медиумите, тоа не било доволно колку граѓани сакале да го пробаат. Ако се мерело времето од почетокот на сечењето кое го сработиле девојките од пекарата додека огромната тепсија не останала празна, може да се каже дека нишлиите 200 килограми бурек изеле за 15 минути. Дел од граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека веста можеби за некого звучи спектакуларно, но не би требало и за нас, бидејќи и Македонија може да се пофали со експресна чистка на гинисовите тави со грав во Штип и сарми во Прилеп.