Британски модни награди 2017: Црвен килим


АНГЛИЈА-  Синоќа во Лондон беа доделени престижните Британски модни награди (British fashion awards), настан што важи за еден од најетаблираните во модниот свет. Елитата на модната индустрија традиционално се собра во лондонскиот „Royal Albert Hall”, каде им беа доделени признанијата на најуспешните за 2017 година.

Кристофер Бејли го доби признанието за најголем придонес на британската модна сцена, дизајнерот Крег Грин беше прогласен за најдобар креатор на машка облека, додека Џонатан Андерсон за JW Anderson за најдобар креатор на женска облека.За дизајнер на годината беше прогласен Раф Симонс за „Келвин Клајн“, а Донатела Версаче беше почестена со титулата Стилска икона.

Од настан од ваков калибар, секогаш се очекува најдоброто на црвениот килим. Затоа и целото внимание на јавноста беше насочено на црвената патека која води до „Royal Albert Hall”, каде продефилираа голем дел од најзначајните и најактуелните имиња во модната индустрија. Стела Мекартни, Наоми Кембел, Зендаја, Селена Гомез, Каја Гербер, Алекса Чанг, Попи Делевињ беа меѓу оние кои имаа највпечатливо појавување.