Британската опозиција ја обвинува Меј дека се обидува да ги подмити
Британските опозициски политичари ја обвинија денеска премиерката Тереза Меј дека се обидува да ги подмити за да гласаат за нејзината спогодба за Брегзит.
Владата најави пакет од 1,6 милијарди фунти за финансирање обнова на „пропаднатите“ заедници, пренесе АП.
Многу заедници се наоѓаат во Англија, каде гласаа за опозициската Лабуристичка партија и тој потег се гледа како обид да се добие поддршка на нивните пратеници за спогодбата на премиерката Меј за заминувањето на Британија од Европската унија.