Бојко Борисов: Она што го правиме во Западен Балкан е заради мир


Она што го правиме во Западен Балкан е за мир. Но, за да постои мир, мора да имаме силни вооружени сили и да соработуваме со земјите од Западен Балкан, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов на неформалниот состанок на министрите за одбрана на ЕУ во Софија.

Тој оцени дека нема подобро место да се зборува за мир отколку во соба со министѕри за одбрана, рече Борисов, кој ја истакна важноста и напорите за мир во регионот, пренесе БТА.

– Сакам да ја побарам вашата поддршка, бидејќи никој подобро од вас не познава воените опасности, опасноста од војна на Балканот, и кога со вашите влади дискутирате на таа тема, ве молам да не ја потценуваме, изјави бугарскиот премиер, обраќајќи се учесниците на состанокот.