Блокотехна израмни на 1:1 против МЗТ
Блокотехна на домашен терен го совлада МЗТ Скопје со 106:94 во вториот меѓусебен дуел од полуфиналната серија од плејофот и израмни на 1:1.
Натпреварот во Гевгелија помина во знакот на расположените за игра домашни кошаркари, од кои Двејн Бенџамин постигна 31 поен.
Блокотехна го искористи домашниот терен и презеде инцијативата врз играта, а доминираше на теренот до последната четвртина. Домаќините по седум минути игра имаа двоцифрена предност (24:14), која на крајот од третиот период достигна највисоки плус 18 поени (76:58).
МЗТ се врати во ритам дури во последниот период, кога намали на едноцифрена негатива (75:83). Иако гостите резултатски се приближуваа, сепак тоа не беше доволно за пресврт и Блокотехна ја задржа предноста до крајот за убедлива победа.
Следниот натпревар од серијата се игра во недела во Скопје.
Плејоф, Полуфинале
(1:1) МЗТ Скопје – Блокотехна 80:74; 94:106
(1:0) Работнички – Куманово 101:72