Бесплатен филм во Кинотека за секој кој ќе дојде со велосипед


Кинотеката на Македонија почнува акција за подигнување на еколошката свест, па затоа од 1 април, понеделник, секој љубител на филмот кој ќе дојде на проeкција со велосипед ќе добие бесплатна влезница за кино проекциите за тој ден.

Акцијата трае до крајот на месец април, а потоа велосипедистите ќе плаќаат 50 проценти од влезницата.

Фото: Б. Грданоски