Бездомник пронајден починат кај Зелено пазарче


Бездомник утрово е пронајден починат на плочникот кај месарниците на Зелено пазарче во Скопје. Случајот во полиција утринава во 6.30 часот го пријавил граѓанин. Од МВР информираат дека станува збор за педесетгодишен маж.

Пазарџиите коментираат дека го познавале и дека тој речиси секојдневно се движел околу пазарчето и низ центарот на Скопје.

Екипи на полицијата направиле увид на терен, а лекарска екипа констатирала смрт.