Асанж одбил предлог да оди во Москва како дипломат на Еквадор


Англија– Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж минатата година го отфрлил предлогот на Владата на Еквадор да биде именуван за нивни дипломат на служба во Москва и со тоа конечно да ја напушти Еквадорската амбасада во Лондон, каде ги мина изминатите шест години.

Според писмо од декември 2017 година, Владата на Еквадор му дала ваков предлог на 47-годишниот австралиски државјанин, по кој САД распишаа потерница поради објавувањето огромно количество доверливи материјали од американската дипломатска служба, како и за воени злосторства извршени во текот на војната во Ирак.

Асанж беше обвинет за силување извршено во Шведска, што послужи како изговор британската Влада да распише потерница по него, принудувајќи го побара засолниште во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Екадорските власти се обидуваат да му помогнат на Асанж да ја напушти нивната Амбасада и како дипломат да отпатува во Москва, каде што веќе живее другиот најпознат „свиркач“ во светот, Американецот Едвард Сноуден.