Апелација ќе објави одлуки за притворените од 27 април
Во текот на денот се очекува Апелацискиот суд во Скопје да објави дел од одлуките за жалбите на притворените во настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија.
Вчера, апелациските судии ги разгледуваа жалбите за продолжениот притвор на поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, на поранешниот директор на Македонската опера и балет Игор Дурловски, како и за жалбите на Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање и Душко Лазаров, началник за специјални операции во МВР.
Сеуште не се донесени одлуки и за жалбите на актерот Владо Јовановски и осомничените Горан Ѓошевски, шеф на обезбедувањето на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски и Оливер Поповски од Шестата управа.