Анѓушев: Невработеноста се намалува
Процентот на невработеност паѓа, рече денеска вицепремирот Кочо Анѓушев, но не кажа колкаво е намалувањето.
– Не сакам да импровизирам со бројка, но она што го имам како сознание е дека бројката на невработени е намалена, истакна Анѓушев на прес-конференцијата во Владата на која ги соопшти економските показатели за првиот квартал во 2018 година.
Според него, растот на економските показатели евидентирани од 1 јануари до 30 април годинава, меѓу другото произлегува и од вработувањето.
– Овие бројки кои произлегоа како економска активност од друга страна мора да произлезат и преку вработувањето зашто економската активност не се создава без дополнителни вработувања. Бројката е позитивна, процентот на невработеност паѓа, но не би сакал да импровизирам, да кажам точна бројка, подвлече вицепремиерот.