Боливудска свадба: Се венчаа актерката Пријанка Чопра и поп-пејачот Ник Џонас


Индија- Боливудската актерка со холивудска кариера  Пријанка Чопра (36) и американскиот пејач Ник Џонас (25) направија двојна свадба, со христијанска венчавка и хинду церемонија на која разменија завети.

Двојката се венча во родната земја на актерката, каде престојуваат веќе некое време, во палатата Умаид Бавад во Џодпур, Раџастан.

Пријанка, ѕвездата на ТВ серијата „Квантико“ носеше венчаница со потпис на Ралф Лорен, а Ник костум од истиот дизајнер. Лорен исто така ја дизајнираше облеката за најблиските од двете семејства, како и за деверушите.

Пријанка и Ник се свршија на 27 јули годинава, ден по нејзиниот 36-ти роденден, на летување на Крит. Веста ја објавија на 19 август кога се запознаа нивните семејства.