Американски форензичари тврдат: Некој ја пресоблекувал Јелена по убиството!


Облеката на Јелена Марјановиќ по убиството била како воопшто да не се борела со никој. Маицата и тренерките што ги носела кога била убиена не се ниту скинати ниту разлечени. Ова го пишува во последниот извештај за убиството на пејачката што ги потресе Србија и регионот, а изготвен од американски форензичари, кои се вклучија да се расветли монструозниот злочин.

-Врз основа на тешките повреди по телото, без повредите на главата, која била буквално смачкана, гардеробата на Јелена  морала да биде скината на повеќе места, особено маицата. Повредите што ги имала се толку тешки, па чудно е што на облеката нема ни една дупка. Белата маица на кратки ракави, светлоплавиот горен дел од тренерките и црниот долен дел, како и долната облека, немаат никакво оштетување – пишува во извештајот.

Во него се додава дека трагите на борбата на жртвата со убиецот би биле видливи на нејзината гардероба доколку убиството навистина се случило на насипот во Борча, каде таа трчала.

Странските експерти велат дека и инсектите би се залепиле на крвта од нејзиното тело.

-Мирисот на крвта е специфичен. Во близина на место на кое има многу крв би имало муви или други инсекти, а тоа на каналот во Борча го немало ниту воопшто е евидентирано – забележале форензичарите.

Немало ниту локви крв, кои се очекувани по повредите од убоди, скршеници и фрактурата на главата. Да била убиена на каналот, крвта би се гледала и во водата во него.

-Заклучокот е дека Јелена била целосно пресоблечена по убиството. На нејзината облека нема траги од бројните удари по телото, ниту знаци дека била влечена и носена. Маицата морала да биде искината, долниот дел од тренерките би требало да е оштетен. На гардеробата би имало траги од зелена боја – наведуваат стручњаците од Флорида, кои направиле ново вештачење независно од истрагата од Србија, а врз основа на фотографиите од увидот и обдукцијата на убиената пејачка.