Американска филмска академија: Топ 10 филмови за 2018


САД- Музичката драма “Се роди ѕвезда” на Бредли Купер, фантастична акција “Црниот Пантер” на режисерот Рајан Куглер и хорор филмот “Ниту звук” на Џон Кразински се меѓу десетте најдобри филмови на оваа година. Ова е рејтингот на американската филмска академија, која се занимава со чествувањето на американското кино наследство.

„Се роди ѕвезда“ е приказна за љубовта на познат кантри изведувач  и млада пејачка која е почетник. Главните улоги ги играат Лејди Гага и Бредли Купер.

Филмот “Црниот Пантер”, кој е од серијата ленти за кинохерои на “Марвел” ги сруши сите рекорди по приходи, што им донесоа на нивните творци 1,344 милијарди долари.

Институтот ги вклучи во првата десетка лентите: “Осма класа” на Бо Брно, “Мери Попинс се враќа” на Роб Маршал, “BlacKkKlansman” на Спајк Ли, “Aко улицата Beale зборуваше” на Бари Џенкинс, “Фаворитки” на Јоргос Лантимос и “Пасторскиот дневник на Пол Шредер”.

Во класификацијата влезе и филмот на американскиот режисер Питер Фарел “Зелена книга”, кој освои во септември Гран-при на 43. Меѓународен филмски фестивал во Торонто. Лентата ја раскажува вистинската приказна на патувањето на познатиот џез музичар Дон Ширли и неговиот возач и телохранител Тони Лип во 1962 година во јужните држави. За патување тие користат т.н. “Зелена книга”, во која се наведени најбезбедните места за Афроамериканците. Главните улоги во лентата ги толкуваат Виго Мортенсен и Линда Карделини.

Американскиот филмски институт е непрофитна организација. Основана е во 1967 година за заштита на киното наследство на САД. Институтот ја поддржува националната кинематографија, спроведува бројни предавања и симпозиуми во кои учествуваат водечки филмски актери.