Американската амбасадорка во ОН поднесе оставка


Американската амбасадорка во ОН Ники Хејли поднесе оставка на функцијата. Американскиот претседател Доналд Трамп ја прифатил нејзината оставка, јавија американски медиуми.

Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс изјави дека Хејли ќе има средба со Трамп во текот на денот. И американскиот претседател на Твитер најави дека од неа ќе следува „голема објава“, јави Си-Ен-Ен.

Поранешната гувернерка на Јужна Каролина беше именувана за амбасадорка во Светската организација набрзо по инаугурацијата на Трамп.