Албанија нова рута на имигрантите, офицери на Фронтекс на границата со Грција


Директорот  на Европската агенција за управување со надворешните граници, Фронтекс, Фабрис Леџери,го потврди фактот дека Албанија е на списокот земји од каде танзитираат нелегалните имигранти.

Во интервјуто за „Шпигел онлајн“,Леџери, изјави дека во северниот дел на Грција на границата со Албанија за првпат ќе бидат распоредени 45 офицери на Фронтекс со цел да се спречи приливот на имигранти.

– Идентификувана е нова рута по која минуваат бегалци од северна Грција, преку Албанија и Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија,-изјавил Леџери.

– Овој факт беше посочен и од страна на премиерот Еди Рама на повеќе средби меѓу кои и со австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој веќе и финансиска помош за Албанија и другите земји во справувањето со евентуалниот наплив на имигранти.,-констатира тиранската телефизија Ора њус.

Последните денови откриени се неколку помали групи со бегалци,додека од почетокот на годинава околу 200.