Албанија: Кај Валона запленет 1,6 тон марихуана


Полициските службеници во приморскиот албански град Валона, во соработка со граничната полиција и италјанска поморска патрола, запленија 1,6 тон марихуана, која требало да заврши на наркопазарот во Италија.

Дрогата била натоварена на голем моторен чамец, кој наркошверцерите го имале затскриено кај полуостровот Карабурн.

Полицијата спроведува активности за идентификација на „сопствениците“ на чамецот и дрогата.

Ова е прва акција на албанската полиција во која е запленето поголемо количество марихуана. Нивните италијански колеги од почетокот на годинава запленија околу три тони марихуана, од кои 1,7 тони на новогодишната ноќ во близина на Лече.

Инаку, во текот на минатата година италијанската полиција заплени над 40 тони мархуана од Албанија.