Ја забременил малолетна ќерка со пречки во развојот


Грчката полиција уапсила албански државјанин,кој со семејството живеел во градчето Амфиса,откако по извршениот ДНК тест било утврено дека неговата 16-годишна ќерка,лице со посебни потреби, е бремена токму од него.

Вистината излегла на виделина откако девојчето било однесено на лекар поради неподносливи болки во пределот на стомакот, јавија албански медиуми.

Веднаш била известена полицијата, која таткото монструм го пронашла во проморското гратче Итеа, 13 километри од Амфиса и го уапсила.