Актерот Владо Јовановски излегува од затвор


Актерот Владо Јовановски, излегува од затвор и отсега натаму ќе биде во куќен притвор, одлучил кривичниот совет на скопска Апелација.

Од друга страна, пратеникот на ВМРО–ДПМНЕ, Крсто Мукоски, останува во притвор во Шутка. Апелациониот суд го одби неговото барање мерката да му се ублажи со куќен притвор. Пред апелационите судии Мукоски се пожали дека сериозно му е нарушено психичкото здравје и истакна дека не планира да бега.