Аеродром ќе доделува 3.500 денари за првачиња
Аеродром ќе доделува еднократна парична помош од 3.500 денари на семејствата кои имаат првачиња запишани во основните училишта на нејзината територија.
Од општината ги повикаа родителите да аплицираат преку пополнување на барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2018/2019 година, кое може да се симне од нивната веб страница или да се подигне во просториите на Општината.
За околу 800 првоодделенчиња општината од буџетот ќе одвои 2,8 милиони денари. Барањата може да се поднесат секој ден од 9 до 15 часот. Парите ќе се исплатат на почетокот на учебната година.