ЈО знае за заканите на возачот од автобуската несреќа кај Ласкарци

Возачот на автобусот од трагичната несреќа кај Ласкарци бил мета следење и на закани по животот – ова денеска го обелодени ОЈО.
Првиот човек на оваа институција Љубомир Јовевски апелираше да се почитува пресумпцијата на невиност бидејќи и возачот бил дел од несреќата.
Јовески посочи дека истрагата се уште е во тек, се сослушуваат сведоци, и нема податоци кој ја има одговорноста за несреќата во која животот го загубија 15 лица.
Случајот денеска доби и политичка димензија.
Од Алијансата на Албанците бараат независно вештачење за случајот и формирање на анкетна комисија во Собранието. Барањето велат дека им доаѓа бидејќи стравуваат од евентуални политички влијанија во истрагата.
Истрагата која ја води обвинителството треба да даде појасна слика за несреќата. Покрај сослушувањето на сведоците, се очекуваат и извештаите на судските вештаци за исправноста на автобусот, стар 18 години.
Сомнежите во јавноста се актуализираа откако се дозна дека овој и останатите автобуси, Дурмо Турс ги проверувал во сопствениот технички преглед.