Јовановски останува тренер на Работнички


Ѓоре Јовановски останува на кормилото на Работнички и во следната сезона. Тој постигна договор со раководството на клубот за нова едногодишна соработка, со опција за продолжување на уште една дополнителна година, соопшти клубот „Градски Парк“.

Претседателот на Работнички, Драган Поповски, го изрази своето задоволство од продолжување на соработката.

– На заедничко задоволство, Ѓоре Јовановски ќе го предводи тимот на Работнички и следната сезона. Постигнавме договор за продолжување на соработката за 1+1 година. Презадоволни сме од неговата работа, тој успеа да избори пласман на тимот во квалификациите за Лигата на Европа, иако секако нема да ја занемариме и работата на претходните тренери, кои дадоа свој голем придонес во заедничкиот успех. Сега не очекува дефинирање на тимот за следната сезона и се надеваме на успешни настапи на европската сцена, како и во новиот шампионат на Македонија, изјави Поповски за веб страницата на ФК Работнички.