Шок во модниот свет: Бејли го напушта “Барбери“


Англија- По 17 години како креативен директор, Кристофер Бејли (46) го напушта кормилото на луксузниот британски бренд за облека “Барбери“ кој одамна го освојува светот и со своите парфеми за мажи и жени. Бејли, во изјавата истакна дека му било привилегија да се работи за брендот и дека на “Барбери“ со сјајната екипа му претстојат најдобрите денови. Бејли ќе замине од престижната позиција, идната година. Не се знае кој ќе го замени на позицијата, ниту неговите идни планови.

Бејли воведи многу новини за време на своето раководење. Ги претставуваше колекциите на социјалните мрежи, ама доживеа и порази: се намали заработката на светските пазари, особено во Кина.