Ширер: Најголемиот проблем на Ливерпул е Салах


Според легендата на Премиер Лигата, Алан Ширер, главниот проблем на Ливерпул во моментов е Мохамед Салах.

Голгетерот на „црвените“ доживува тешкотии во последно време, откако престана да бележи, а вчера пропушти две одлични можности, по кои можеше да донесе успех над Евертон.

– Формата на Салах треба да биде најолемата грижа за Ливерпул. Тој ги потроши двете најдобри шанси против Евертон и изгледа дека му недостасува самодоверба, а и покажува нервоза. Ова е многу загрижувачки во овој важен дел од сезоната. Тој сепак има 17 гола во Лигата, што е добро достигнување, но неговото претставување нема ништо заедничко со она од минатата сезона, кога во овој период имаше 24 погодоци. И оваа кампања е поважна бидејќи Ливерпул се бори за титулата, вели тој во својата колумна во весникот „Сан“.

Легендата на Њукасл додава дека противничките дефанзивци очигледно веќе знаат што сака да прави тој, но и неговото влијание во важните натпревари веќе е изгубено.

– На 8 натпревари против тимовите од топ 6 и во двете дерби со Евертон, има само еден гол, и тоа од пенал. Во исто време Серхио Агуеро не престанува да бележи за Манчестер Сити. Сепак, против Евертон, целиот тим на Ливерпул не играше добро. Тие не постигнаа ран гол и тоа ги загрижи, истакна Ширер.

Поранешниот напаѓач изрази верување дека и актуелниот лидер на табелата Манчестер Сити ќе изгуби поени во претстојните дуели, но во моментов веќе се зависи од нив, а не од тимот на Јирген Клоп.