Шешељ: Западните раузнавачки служби се виновни за убиството на Ивановиќ

Лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ ги обвини западните специјални служби за убиството на косовскиот српски политичар Оливер Ивановиќ.

– Мислам дека убијците на Ивановиќ нема да бидат пронајдени, бидејќи сум сигурен оти во убиството се вмешани западните разузнавачки служби и тоа е почеток на нова американска иницијатива на Балканот, истакна Шешељ за руската телевизија „Русија 24“.
Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби, беше убиен утринава во Косовска Митровица пред канцеларијата на неговата партија Граѓанска иницијатива „Слобода, демократија, правда“.