Шестоодделенец во Србија се уби поради слаби оценки

Момче на возраст од 12 години во едно село во Србија, во понеделник вечерта си пукало со татковиот пиштол во уста, а причината, како што дознале родителите од прошталното писмо, е банална – слаби оценки.
момчето било само дома, кога од плакарот го зело пиштолот на таткото кој го поседувал со дозвола. Потоа си пукал во устата. Мајката, која е во шести месец од бременоста, била кај соседите, а кога слушнала што се случила само плачела и викала.
Таткото во тоа време бил на сечење дрва во шумата, а му кажале за несреќата кога се вратил.
Соседите не можат да поверуваат што се случило. Тврдат дека било фино и мирно момче, кое попладнето играло со децата на игралиштето. Се плашат дека од стрес мајката може да го изгуби и нероденото бебе, а има и една ќеркичка.
Сите во семејството се верници, па селаните го молат свештеникот да го отпее гробот на момчето, иако се работи за самоубиство. „Тоа е дете, невино, што знае тоа на толку години?“, вели еден сосед.
Телото на детето е во куќата, каде на бдеење пристигнуваат соседи и роднини, а не е направена обдукција.