Шестмина повредени на обиколницата, меѓу нив и двегодишно дете

Шестмина се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера, во 16 часот, на обиколницата на Скопје, во близина на клучката Стајковци, а меѓу нив има и двегодишно дете.

Според полицијата, се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „хјундаи“, управувано од Д.Т.(70) од Скопје, и „сузуки“, управувано од С.Т.(43) од Скопје.

 Во незгодата со повреди се здобил Д.Т., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. Додека, со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „хјундаи“, Љ.М.(67) и С.С.(73), двајцата од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што им била укажана лекарска помош.

Со телесни повреди се здобиле и возачот на возилото „сузуки“ и сопатникот К.Т.(38) и двегодишно девојче од Скопје. Тие биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде што им била укажана лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.