Член на „Неа демократија“ рече дека Македонците се мајмуни, следуваше реакција и од Ципрас

Функционерот на младинската ораганизација на опозициската партија „Неа Демократија“, Димитрис Трупос, предизвика лавина реакции во Грција, откако на неговиот профил на Твитер ги спореди граѓаните на Република Македонија со „мајмуни“. Тој исто така, бараше грчкиот премиер Алексис Ципрас да биде обесен на централниот плоштад во Атина како предавник на грчките национални интереси.

Веднаш реагираше раководството на младинската ораганизација „Неа Демократија“ кое покрена дисциплинска постапка против нејзиниот член, кој подоцна се извини јавно за навредливите искази.

Владејачката партија Сириза на Алексис Ципрас ги осуди „расистичките и фашистичките” изрази на функционерот на младинската ораганизавија на „Неа Демократија“ и бараше од лидерот на партијата Кириакос Мицотакис да го исклучи веднаш од неговата партија.