Четири лица загинале во соoбраќајна несреќа на патот Ресен-Охрид

Четири лица загинале во тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случила на патот Ресен-Охрид кај селото Крушје.

Во незгодата учествувале три возила од кои две со битолски и едно со охридски регистарски ознаки.

– Во сообраќајната несреќа загинаа четири лица, две лица се жители на општина Битола, а две лица се жители на општина Могила. Заради тешката сообраќајна несреќа и отежнатите временски услови патот е во прекин, а на местото се врши истрага за причините на несреќата, изјави за МИА Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.