Чакаровски: Лековите за ретки болести се по депоата на веледрогериите
Недостигот на лекови се прави вештачки, рече Гоце Чакаровски, заменик министер за здравство, на синоќешната дебата во Топ Тема на која дискутираше со претставнички на организации за ретки болести.
За тоа зошто лековите не се кај пациентите, Чакаровски рече имало „други интереси“ кои не сакаше да ги каже.
Министерството за здравство е без министер речеси три месеци. Чакаровски дури пред една недела ги добил целосните овластувања од Владата. Претходно, како што самиот рече, бил „англиска кралица“.
Според него, некогаш не е проблемот во тоа дека нема лекови, туку дека не се јавил понудувач кој би ги донел во Македонија.
Здруженијата побараа плановите за набавка на лековите за 2018 година да се прават сега и да се набават за цела година, за да немаат застој во терапијата како што често се случува.