Чавков, Мукоски и Василевски остануваат во притвор

Скопскиот Апелациски суд го продолжил притворот за 13 лица осомничени за насилството од 27. април минатата година. Меѓу оние на кои им е продолжен притворот е и екс-директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, а тука се и вработени во Агенцијата за разузнавање, но и лица од кабинетот на поранешниот претседател на Собранието на РМ, Трајко Вељаноски.
Продолжувањето на притворот на осомничените доаѓа по минатонеделните седници на кои Апелацискиот суд ги разгледуваше жалбите на осомничените и на нивните бранители, пишува правосудство.мк.