Црногорец шверцувал лекови од Македонија


Граничарите завчера откриле поголема количина лекови во торба на Црногорец кој се обидел да ги пренесе лековите преку граничниот премин „Долно Блаце“.

Како што соопшти МВР, околу 19.20 часот пред два дена, на излез од граничниот премин со возилото „Шаран“ се пријавиле пет лица. Полициски службеници направиле дополнителни проверки на возилото. Во личниот багаж во три куфери сопственост на А.Х.(53) од Црна Гора биле пронајдени лековите Efridol, Aerus, Lexilium, Diazepam, Trodon, Amoksiklav, Edemip, Xanax, Xenical, Levitra, Rovamicine, Kreon, Viagra, Regnyk, Testosteron и Kenaglog. За нив лицето не поседувало никаков документ, а лековите не ги пријавил во царинска контрола за излез од Македонија. З.Ј., кој го управувал возилото и А.Х. се задржани во полициска станица за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.