Ципрас ја претстави стратегијата за економски раст на Грција
Грчката владина стратегија за економски раст по излегувањето на земјата од последната економска програма во август се потпира на туризмот, енергијата и бродоградењето, објави ДПА.
Другите сектори на кои се потпира грчкиот премиер Алексис Ципрас за поддршка на растот на земјата се земјоделството, храната, транспортот, фармацијата, иновативните технологии и услужниот сектор.
Клучна компонента од стратегијата за обнова е привлекување назад на образованите Грци кои ја напуштиле земјата по појавата на кризата во 2010 година, која ја принуди Атина да прифати три спасувачки програми под строги услови.
– Средствата за раст ќе бидат обезбедени од Грчката банка за развој, Европската инвестициска банка и Европската унија, рече Ципрас.