Ципрас и Каменос во март следната година повторно ќе разговараат за договорот од Преспа

Во март следната година коалициските партнери во грчката Влада, Алексис Ципрас и Панос Каменос одново ќе разговараат за договорот од Преспа. Ова според грчката новинска агенција АНА-МПА било тема на средбата на грчкиот премиер и министерот за одбрана.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, за средбата нема официјални информации, а АНА-MПA, повикувајќи се на владини извори пишува дека Ципрас и Каменос се согласиле дека во “овој момент она што е најважно за земјата е обединетоста и политичката стабилност”, а разговарале за економијата, но и за договорот од Преспа.

– Во однос на прашањето за договорот од Преспа, истите извори рекоа дека Ципрас и Каменос се согласија дека во ниеден случај нема да дозволат да биде одложувачки фактор во работата на владата и ќе се навратат на прашањето следниот март, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА.