Хрват во Германија крадел монети од јавните тоалети, па со парите си купил куќа

Хрватот Стјепан К. е осомничен, пишува „Билд“, дека со години крадел пари од јавните тоалети на железничката станица во Минхен. За неколку години, пишуваат германските медиуми, тој украл 425.000 евра во монети. Случајот е откриен минатата година, а сега почнува судењето.

На почетокот на судењето, 63-годишнкиот се бранел со молчење. Обвинителството го товари Хрватот дека парите од апаратот ги градел помеѓу 2013 и 2017 година.

Обвинителството се сомнева дека осомничениот имал помош од неговата сопруга Јадранка Ј. која работеле за истата компанија, а е осомничена дека му ги дала клучевите од апаратот. 57-годишната Јадранка ги отфрлила овие обвинувања.

Стјепан, кој инаку работел како чистач, наводно, со украдените пари си купил куќа во Хрватска и автомобил „лексус“.

Целата измама била откриена откако бил инсталиран електронскиот бројач на монети, а потоа за кратко време се утврдило дека има недостиг од пари.

Во октомври 2017 година полицијата го претресла домот на Хрватот во Германија каде што нашла 12.000 евра во банкноти.