Хрватска и упати дипломатска нота на Словенија за казнување на рибарите

Хрватска испрати дипломатска нота до Словенија за казните кои им ги испрати на хрватските рибари за риболов во спорниот дел Пирански залив и објави дека ќе одговори со иста мерка.

Словенечката полиција објави дека ги испратила првите 14 казни за хрватските рибари од Савудрија и Умаг, а следната недела ќе продолжи да го спроведува законот на сличен начин.

Рибарите беа осудени „за незаконско поминување на словенечката граница”, објави полицијата на својата веб-страница и предупреди дека влезот во Словенија би можел да биде забранет за оние кои нема да ја платат паричната казна.

Хрвтското Министерството за надворешни и европски прашања испрати дипломатска нота до словенечката амбасада во Загреб, тврдејќи дека рибарите биле „во хрватските подрачја на море”.

– Поради овие еднострани обиди за компромитирање и за Хрватска неприфатливата арбитражна одлука од страна на словенечките власти, со цел да ја заштити нејзината територија, ќе биде принудена да одговори на истиот начин, се вели во соопштението.Хрватска и упати дипломатска нота на Словенија за казнување на рибарите