Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Успеавте да ги обновите своите сили и продолжувате кон помирни води. Работевте многу и веќе доаѓате до резултати – гледате дека имате добри семиња во своите раце и потребна ви е почва каде да ги засадите. Специјалните шанси ќе се појават штом ги воспоставите првите чекори кон здрава основа.

БИК: Добро одморени и со нови идеи, размислувате како да ги имплементирате истите – времето се ближи и најдовте начин да се поврзете со својата околина на здрав и уникатен начин. Го имате она што луѓето го сакаат и тие ви се благодарни за вашата широкоградост. Работете на своите таленти. Романса.

БЛИЗНАЦИ: Вашата природна љубопитност ќе ве доведе до шанси да ги покажете своите умешности – предизвикот лежи во тоа да го воочите вистинскиот тајминг! Бидете сензитивни и ќе откриете кога е време да полетате. Не објавувајте ништо пред време, туку барајте посредништво преку кое ќе дојдете до бенефит. Љубов.

РАК: Ах, така ве болат нечии груби зборови, како мечеви директно забиени во срцето! Нема потреба да се преправате, туку повлечете се кротко и видете дали нешто од тоа може да се поправи. Ако не, посветете се целосно на своите проекти и на крај на денот ќе успеете да стигнете до убав резултат. Верувајте си повеќе сега.

ЛАВ: Одеднаш се уплашивте од обемот на почнатата работа? Нема потреба, сè уште има време до финалниот продукт, бидете спокојни сега. До вас доаѓаат информации и можеби ќе ви треба време да го сортирате она што е од есенцијално значење. Ова е време за исполнување на вашата мисија и идеали.

ДЕВИЦА: Под влијание на викендот, мудро си молчите и тежнеете да ги погледнете новите идеи во перспектива – како тоа може да се изведе? Што е она што е остварливо, а што само пуста мечта? Набрзо ќе дојдете до зрели заклучоци и ќе ги повикате засегнатите страни на состанок. Поставете го јасно својот стандард.

ВАГА: Сосема кротко си го чекате својот ред – можеби имате некој скриен адут во рацете, кој ќе ве знае? Имате чувство дека изборите се нејасни, а она што е потребно е да дозволите работите сами од себе да си дојдат на место. Нема потреба од преголеми напрегања и напори, сетете се на концептот за време.

СКОРПИЈА: Во забавно расположение ја почнувате новата работна недела – дружење, игранки и инспирација, а сега е време да се смирите и да не инсистирате на истиот интензитет. Процесот е органски, што значи потребно му е време да созрее. Затоа консултирајте се со оние што може да инвестираат во вас денес.

СТРЕЛЕЦ: Ова е веќе метафизика – како вие успевате да се справите со сè на време, во добра форма и како наоѓате сила да продолжите со истиот темперамент? Спуштете го малку гардот, прошетајте на страна и забавувајте се – нема потреба да прифаќате должности кои се над вашите способности. Во ова лежи мудроста.

ЈАРЕЦ: Шанси за заработка, пари и финансии – сето ова е на денешното мени. Имате среќа да дојдете до зрели поединци кои сакаат да инвестираат во вашите прогресивни идеи. Користете го своето чувство за хумор и погледнете го животот низ розови очила. Како веќе да сте во Париз и на Шанзелизе. Визија.

ВОДОЛИЈА: Иако тежнеете кон праведни и хумани решенија, ја немате потребната храброст да се справите со мачните настани – како гром од ведро небо сè колабираше со неверојатна брзина! Ценете ги природните циклуси на сезоните – повлечете се ако треба. Градината која што е плодна ќе процвета наскоро. Бидете отпорни.

РИБИ: Изморени сте од тоа да бидете изморени – има и логика, зарем не? Планирајте добро каков ќе биде вашиот следен чекор и чекајте инспирација. Тоа се пораки кои како да доаѓаат од никаде. Сепак, вие го познавате сензуалниот свет и ќе успеете да ги искористите новите информации. Поддршка од силна личност.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]