Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Месечината во Водолија може да донесе неколку работи: средби со различни типови луѓе, фундаментално различен пристап кон животот и луѓе со кои ќе појдете на некои нови места. Постепена промена кон подобро, како и развивање на идеи за подобрување на односите меѓу луѓето.

БИК: Целосно сте посветени кон својата мисија и сконцентрирани на својот сон уживајќи во реципрочни односи. Убав ден во кој би можеле да направите некоја благородна служба, но и за посветување на блиските. Некој ќе ви помогне, а потоа ќе помогнете и вие, затоа давајте со љубов.

БЛИЗНАЦИ: Обидот да останете во ритам со другите, ви го открива вашиот сопствен ритам. Денес е убаво да соработувате со другите, да направите нешто добро и научите, но имајте чувство и знајте кога да се повлечете. Вашиот внатрешен пат ве води кон релаксација и радост. Нови диети.

РАК: Не брзајте, не сме тука на трка! Убаво е што напредувате, но застанете малку и земете воздух. Опасноста лежи во тоа да избрзате и отидете предалеку. Внимавајте да не бидете однесени, сопрете на кратко, а потоа повторно продолжете. Земете здив и бидете истрајни сега.

ЛАВ: Со самото утро работите ќе бидат појасни, како осветлени од некоја волшебна светлина. Вашата свесност расте и се здобивате со подлабоко разбирање на мистеријата наречена живот. Можеби е време да одморите и да се препуштите нештата да се движат по свое сопствено темпо.

ДЕВИЦА: Играјте според принципите – правилата, всушност, може да го изградат тимскиот дух. Вешто ги користите своите таленти развивајќи нов карактер. Набрзо ќе се појавите во јавноста, проширувајќи ги социјалните контакти. Доаѓате до саканата позиција, со многу шарм и љубезност.

ВАГА: Денес е најважно да избирате што е најдобро за вас и како ќе се претставите пред светот. Претставете ги своите најдобри квалитети, но внимавајте да не претерате и ја искарикирате својата личност. Не нагласувајте ништо, бидејќи така ќе се лимитирате на само еден аспект од себе.

СКОРПИЈА: Возбудени и среќни истапувате кон непознатото – сега ги имате потребните врски за да успеете. Бидете со широки хоризонти и очекувајте позитивни пресврти. Отворете го срцето за да ја почувствувате беспричинската милост и опуштете се. Верувајте. Патувајте. Движете се.

СТРЕЛЕЦ: Бидете внимателни: прво слушајте, а потоа парафразирајте. Внимавајте на погрешните информации и проверете и два пати ако треба. Комуникацијата ќе се одвива помеѓу повеќе личности, затоа прашајте дали сте се разбрале добро. Повторете. Чујте се. Разговарајте. Пренесете понатаму.

ЈАРЕЦ: Би можеле да се соочите со опозиција или да бидете повредени. Сепак, вашиот личен интегритет може да го поднесе ударот. Најдете време да закрепнете. Ако може, одложете го решението за овој проблем. Набрзо условите се менуваат и ќе продолжите храбро напред.

ВОДОЛИЈА: Со голем жар сте посветени кон оние ситни нешта што го прават животот значаен. Ако се внесе доволно грижа и респект, сè ќе расте побрзо. Инаку, работите би можеле да се распаднат. Како со огнот: ако е пресилен, може да повреди некој; ако е преслаб, нема да стопли доволно.

РИБИ: Интуитивно се поврзувате со колективот и во секој настан гледате скриена порака – од паднатиот пердув на патот, до насмевката на случајниот минувач – сè е поврзано во поголема целина! Без оглед колку ќе давате, вам секако ќе ви се врати и тоа повеќекратно. Избалансирана карма.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]