Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Денес се здобивате со лична сила, затоа не бегајте од својата судбина. Престанете да се претворате во нешто помалку од она што вистински сте и ако ви треба помош, побарајте ја. Фокусирајте ја својата енергија и формулирајте јасен план. Имајте самодоверба и истапете.

БИК: Месечината во Јарец ги поддржува вашите планови и уживате во изобилство користејќи ги своите таленти. Доколку некој ве обвини за нешто, ќе најдете начин да се ослободите од аргументирање. Во личната сфера почнете да се цените повеќе и внимавајте на игри.

БЛИЗНАЦИ: Ценете ги природните циклуси на природата – она што сега замира, повторно ќе процвета напролет и немаштијата ќе биде заменета со изобилство. Пуштете ги работите да си одат по својот тек. Дури иако сте напуштени и победени, отпорноста е вашиот главен ресурс сега.

РАК: До вас пристигнуваат пораки од повеќе правци и сега сте спремни за работа. Ќе се дадете себе си целосно во некој проект користејќи ја својата мотивација и голема енергија. Внимавајте на нагласените емоции, како и импулсивност. Присуство на деца и млади луѓе.

ЛАВ: Денес ќе треба да истапите и да дадете изјава во име на нешто, но внимавајте на впечатокот што сакате да го оставите – дали сакате да бидете прегласни или тивки и незабележливи. Понекогаш второто влече повеќе внимание, затоа приспособете се. Ангажирајте ги и другите во својот проект.

ДЕВИЦА: Ретроградната Венера ги забавува вашите планови и сега тие се чинат како далечни облаци на небото. Сепак ќе се снајдете и ќе ги преземете работите во свои раце, ширејќи ја позитивната енергија наоколу. Убав период кој ќе го минете со саканите и блиските. Забава.

ВАГА: Она што е најважно сега е да правите добри стратегиски потези, за да ја надминете опозицијата – сега мора да се игра според правилата. Вашата ситуација бара конфронтација и не е лошо да бидете малку наперчени. Не ги пикајте проблемите под тепих.

СКОРПИЈА: Острата тишина и долго чуваната горчина може да ја истрошат секоја приказна. Затоа пазете се од било која негативна или горка сторија. До вас стигнуваат пораки, можеби сè уште нејасни, но сепак ќе имаат долготраен ефект. Оставете ги старите конфликти зад себе.

СТРЕЛЕЦ: Поволни шанси – отворени сте и другите се чувствуваат добредојдени од ваша страна, а тоа ви носи далекосежни придобивки. Нови потенцијали за напредување. Сега не е добро да се биде крут, напротив, бидете лежерни и гостопримливи и ќе дојдете до саканото.

ЈАРЕЦ: Во вас се будат спомени, како и старото знаење и искуства, со кои ќе ја придобиете саканата позиција. Ја гледате својата животна приказна како никогаш до сега и одеднаш сè ви е јасно – знаете како да постапите. Употребете ги старите вештини. Учете и студирајте.

ВОДОЛИЈА: Сакате да воспоставите нови правила во играта – во случај на општествена неправда, се појавува потреба за нова регулатива. Најавете го ова со голема свесност и благородност, бидејќи предизвик ќе биде да се надвладее горечката страст. Фокусирајте се.

РИБИ: Свесни за хиерархијата, се ставате себеси и својата мудрост во служба на некоја повисока цел. Анализирајте се повеќе и внимавајте да не правите наивни одлуки. Прашајте се дали сте доволно искусни да се носите со ситуацијата и балансирајте со луѓето со спротивни ставови.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]