Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Одморени и спремни да ја покажете својата повеќекратна личност, отстапувате во интимните и професионалните врски и покажувате спремност да се носите со сите предизвици. Дури и да немате заеднички афинитет, сепак придружете им се на останатите и помагајте.
БИК: Вашата душа е отворена и сега имате поголемо разбирање за креативните и конструктивните процеси. Доколку некој сепак ви заврти грб, вие имате доволно сила да продолжите понатаму сами. Врзете ги сите компоненти во една креативна целина и така произведете нешто.
БЛИЗНАЦИ: Месечината во Вага ве прави поотпорни и спремни сте да продолжите, дури и ако сте паднале. Воспоставувате нови и ги менаџирате старите ситуации. Сепак, најдете време за одмор, од утре продолжувате со нова сила. Умејте да ги прочитате пораките помеѓу редовите.
РАК: Повеќе аспекти покажуваат дека треба да истапите и да ја смирите потенцијалната хистерија. Не ѝ дозволувајте на историјата да се повторува, туку задржете го најдоброто од минатото за себе. Тука има убави искуства, затоа најдете начин да им ги објасните на блиските.
ЛАВ: Одличен ден да откриете колку си значите еден на друг со саканите, а не колку значите во групата т.е. друштвото. Врските се моќен и заемен мотив за растење. Најдобро ќе биде ако најдете време да побегнете заедно еден со друг, па дури тоа да е и една прошетка во паркот.
ДЕВИЦА: Дозволете им на другите да ви покажат што имаат – возете се во кочијата како турист што разгледува знаменитости во некој нов град. Не мора цело време вие да возите – и другите имаат нешто да кажат. Дозволете им да се изразат и без вашата помош, па видете каде ќе стигнат.
ВАГА: Еден циклус завршува, а сосема нов започнува, но тоа е утре. Денес побарајте помош од други извори или од оние кои се над вас, бидејќи само така ќе се извадите од длабоките води. Можеби не ви треба помош да го манифестирате саканото, но сепак побарајте ја.
СКОРПИЈА: Доколку се отворите и им направите на останатите да се чувствуваат удобно и прифатено, ќе се појават убави шанси за напредување и изобилство. Избегнувајте крутост и заземете поумерен став однесувајќи се сосема опуштено. Одмор и релаксација.
СТРЕЛЕЦ: Не брзајте бидејќи сега би можеле да си наштетите. Кочете додека е време или урнете се во последниот миг, како авион што паѓа понирајќи надолу. Најверојатно ќе извлечете вредна лекција, ако ништо повеќе ќе бидете силно возбудени. Обидете се да балансирате.
ЈАРЕЦ: Шанса да ја демонстрирате својата досегашна работа – можеби ќе сакате да ја прескокнете и да почекате уште малку, бидејќи сметате дека има уште многу да научите. Верувајте во својот суд. Останете блиски со другите, помагајќи им сесрдно и разберете ги взаемните разлики.
ВОДОЛИЈА: Сега сте како почетник – правите грешки како што прават средношколците. Усилената насмевка само ја оддава вашата несигурност, така што обидете се да бидете што поприродни. Никој не сака половични односи, ниту решенија, а камоли пријатели. Бидете хумани.
РИБИ: Добро е да се прашате дали вашиот сон е доволно голем? Треба да донесете решенија и да престанете да се криете зад нечие светло – ова е време за имагинација, затоа бидете храбри и целете кон целта за која што се спремате речиси цел живот. Умереност.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ