Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Дистанцирајте се на момент за да добиете појасна перцепција за работите – ќе успеете да ги решите проблемите, а тоа ќе ви донесе олеснување. Нема потреба од параноја, затоа продолжете и покрај сите остри зборови. Во социјалните средини покажете се со добра воља и благородни импулси. Радост.

БИК: Ова не е време за брзање, туку за правење на стратешки потези – како игра на шаховската табла, за која што треба да ги познавате правилата. Имате среќа да се поврзете со влијателни луѓе, а кои ќе знаат како да ги продлабочат вашите односи. Нурнете во своите проекти, ова е идеален период за љубов и за креација.

БЛИЗНАЦИ: Безгрижни и поддржани од страна на пријателите, сега е време да застанете и да направите пауза – прашајте се до каде сте стигнале. Што е она што им е потребно на вашите проекти? Секако најдете време и да одморите и ако треба повлечете се со достоинство, како генерал кој го прифаќа поразот. Проучувајте.

РАК: Венера и Меркур во Скорпија ги возвишуваат вашите чувства и идеали, повеќе не се срамите да истапите и да ги изразите своите емоции. Имајте во предвид дека тоа треба да го направите со доза на такт, а не самоволно и како распаметен витез. Не претерувајте во ништо и ќе уживате во убав викенд. Среќа!

ЛАВ: Изразот дека сте на стенд-бај и дека ништо не ви оди од рака ќе си го оставите во минатото. Пред вас е прекрасен период со креативен потенцијал и сега ќе е добро да ги истражите своите богати ресурси – погледнете наоколу и побарајте начин да створите стабилна средина. Вие го умеете тоа и веќе имате пракса.

ДЕВИЦА: Како да сте на индиски пазар – работите се менуваат со неверојатна брзина и потребно е ургентно делување. Не смеете да бидете крути, туку размислете за сите новостекнати информации на мир. Месечината во Јарец ќе ви ја даде потребната зрелост – со почеток на работната недела ќе знаете како да делувате.

ВАГА: Конечно можете да се пофалите со добра среќа – сериозниот интензитет и мрачното расположение се само привремени. Вие сте битие со вечна и длабока природа и вашите увиди се значајни. Верувајте во својот капацитет дека можете да успеете. Инвестирајте во реципрочните врски и дружете се. Слатки страсти.

СКОРПИЈА: Претстава заврши и ова е момент кога се спушта завесата – поклонете се и повлечете се во своите интимни одаи. Вашите планови се одвиваат добро и сѐ што е потребно сега е да се препуштите на текот. Дајте си време за одмор, безгрижност и дружба со лојалните пријатели. Имате многу нешта да споделите.

СТРЕЛЕЦ: Како и секоја година овој период, така и сега вашето секојдневие е обоено со динамика. Внимавајте да не се здобивате со престиж на нечија туѓа сметка – важно е вашите раце да се чисти! Култивирајте ја својата благородна природа и уживајте во заслужениот одмор. Секој ден сте позрели и помудри. Напредувате!

ЈАРЕЦ: Тамам кога помисливте дека ќе се одморите, некое убаво влијание како пастелна боја ќе вшета во вашиот живот. Добро е да знаете кога да истапите, а кога да се повлечете – ова е тешка одлука. Молчете кога треба и прозборете само ако е нужно, во тоа лежи голема умешност. Бидете љубезни и нежни.

ВОДОЛИЈА: Доста се прикажувате во најдобро светло, тоа е веќе дежа вѝ. Бидете отпорни и снајдете се најдобро што можете, направете нешто во конструктивни и позитивни цели. Нема потреба да сте во агонија поради минатото, пред вас е едно цело поле на можности – бирајте добро! Прво повлечете се и одморете се.

РИБИ: Со романтичен занес размислувате каде да ја инвестирате својата енергија – воодушевено го чекавте овој викенд! Прекрасни влијанија ве доведуваат до моќни поединци, кои што можат да му дадат нов правец на вашиот живот – прифатете го ова и постепено ќе напредувате. Дружете се повеќе. Смеа и среќа.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]