Холанѓанец пронајден мртов во вила во Трпејца

Во текот на вчерашниот ден во вила во селото Трпејца, на брегот на Охридското Езеро, бил пронајден починат 79-годишен Холанѓанец.

Како што информираат од МВР, од страна на доктор од Итна медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.