Хареиде: Погба мисли само на фризурата
Селекторот на фудбалската репрезентација на Данска, Аге Хареиде, во изјава за противниците на неговиот тим на Светското првенство во Русија, наведе дека на Франција не гледа како на голема опасност.
Австралија, Перу, Данска и Франција се наоѓаат во групата Ц на Мундијалот, а Французите важат за фаворити.
Но, според данскиот селектор Франција не може многу да постигне на ова светско првенство и се осврна на едно од најпознатите имиња во францускиот тим, фудбалерот на Манчестер јунајтед Пол Погба.
– Погба на натпреварот против Манчестер сити играше со обоена коса во сино и бело. Можеби ќе се обои во црвена и бела боја кога ќе игра против нас. Најверојатно тој размислува само каква ќе му биде фризурата. Јас не гледам опасност во нивниот тим. Екипите кои се наоѓаат во врвот на ФИФА листата се најдобрите во светот, но таков не е и случајот со Франција. Ги гледав Французите против Шведска во Стокхолм и не се ништо посебно, истакна Хареиде.
Според ФИФА рангирањето Франција во моментов е на седмата позиција, додека Данска е 12-то место.