Харадинај се уште не добил британска виза, учеството на Самиот во Лондон под знак прашање

Приштина весникот „Коха диторе” објави денеска дека учеството на косовскиот премиер Рамуш Харадинај на инвестициски самит за Западен Балкан во Лондон идниот месец е неизвесно поради тоа што Британската амбасада се уште не му одобрила виза.

Косовската влада потврди дека косовскиот премиер засега нема добиено виза за Велика Британија.

„Коха”, вели дека Западот го изолира Харадинај и потсетува дека пред две недели Амбасадата на САД во Приштина го одби за виза косовскиот премиер.

Приштинскиот весник забележува дека овие мерки се преземени по укинување на Специјалниот суд за воени злосторства на ОВК од страна на парламентот, а што беше иницирано од косовскиот премиер и косовскиот претседател

.
Во меѓувреме, на Информативната канцеларија на косовската влада денска информира дека премиерот Харадинај се уште не добил виза за Велика Британија.

Канцеларијата на премиерот, нагласува дека британската амбасада не го одбила Харадинај за виза.

Харадинај е поканет од ЕБОР во Лондон да учествува на инвестициски самит за Западен Балкан на 26 февруари.