Харадинај свика седница на Советот за безбедност

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај за попладнево, во 18 часот, свика седница на Советот за безбедност.

Како што наведуваат медиумите во Приштина, Советот ќе расправа за безбедносната состојба.

Рано утрово во Косовска Митровица е убиен лидерот на Граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ, поради што е закажана седницата.