(Фото) Леопард принт: Жените сакаат да бидат мачки


САД- Леопард принтот не е едноставен за комбинирање и не треба со него премногу да се играте. Ако претерате, некој ќе помисли дека сте веќе во карневалско расположение, но во вистинските дози ќе ја покаже вашата опуштена и дива страна.

Кај леопард шарата вреди правилото „помалку е повеќе“ па најдобро е да го носите со еднобојни парчиња со неутрална боја, особено ако не сте вешти со комбинирањето.

Тоа златно правило го почитуваат и ѕвездите кои сакаат да ја носат на модните додатоци како чантите и чевлите. Но оваа сезона, леопардовиот изглед ги преплави улиците во сите облици, и на јакните и на капутите.

Еве како овој хит дезен го искомбинираа ѕвездите Џејн Фонда, Амал Клуни, Клаудија Шифер, Серена Вилијамс, Ивана Трамп, Викторија Бекам…, дури и првата дама на САД, Меланија Трамп за време на турнејата низ Африка.