„Фиат“ обвинет за измами со дизел моторите во САД


Компанијата „Фиат Крајслер“ почна со преговори со клиенти од САД, околу обвинувањата за прикривање на прекумерно испуштање штетни гасови од нивните дизел возила.

Американското Министерство за правда го тужеше „Фиат“ во мај за лажирање на тестовите за издувни гасови на над 100.000 „Џип“ камионети и теренци со дизел мотори во периодот од 2014 до 2016 година.

Тужбата стана повод и за многу поединечни тужби од сопствениците на дизел возила на компанијата.

Минатата година, американската Влада, исто за манипулирање со податоците за штетни гасови, го тужеше и „Фолксваген“, кој ја признаа вината и тоа ја чинеше компанијата 30 милијарди долари само во САД.