Фатени тројца разбојници од Куманово, ограбиле маркет
Притвор од 30 дена добија тројца кумановци за извршено разбојништво во маркет во Куманово. Разбојништвото, стои во соопштението на МВР, го извршиле со пиштол и одзеле 19.500 денари. Кумановската полиција до основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Љ.П. (24), М.А.(18) и неговиот врсник Д.Е, поради сомневање дека сториле кривично дело-разбојништво.
Тројцата кумановци го извршиле разбојништвото на трети декември во 18.30 часот во маректот „Елида“, лоциран на улицата „Страшко Симонов“ во Куманово. Љ.П. со закана со пиштол извршил разбојништво над вработената, при што го одзел дневниот промет од 19.500 денари. Другите две лица, М.А. и Д.Е. со патничко возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки го чекале Љ.П. пред маркетот. Откако, го извршил разбојништвото, сите заедно побегнале од местото. Настанот во Полициската станица Куманово, го пријавила одговорното лице во маркетот.
По овластување од Јавен обвинител, бил извршен увид и била започната потрага по сторителот и неговите помагачи. По преземените мерки, истиот ден во просториите на СВР Куманово биле приведени Љ.П., М.А. и Д.Е.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им e одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.