Фатени двајца крадци на златен накит од куќа во Тетово

Тетовците Ш.И.(26) и Б.Ќ.(26) вчера биле приведени од полицијата како осомничени за тешка кражба на златен накит извршена пред два дена во куќа на улица „108“ во Тетово.

Како што информираа од СВР Тетово, при полициската контрола на двајцата, кај Б.Ќ. биле пронајдени и одземени пет парчиња златен накит и нож.

Полицијата дел од одземениот накит при кражбата веќе го пронашла и го вратила на сопственикот од куќата, додека двете лица биле задржани во полициската станица Тетово за расчистување на случајот.