Фановите избраа: Џими Хендрикс е најдобар гитарист на сите времиња


САД-Џими Хендрикс уште еднаш е прогласен за најдобар гитарист на сите времиња, а така одлучија читателите на магазинот „Louder“.

На топ листата од 50 најдобри гитаристи на сите времиња Џими Хендрикс се најде на самиот врв, додека зад него се наоѓаат легендите Џими Пејџ, Еди Ван Хален, Дејвид Гилмор, Ерик Клептон и Стив Реј Вон.

При изборот на оваа листа, својот глас го дадоа повеќе од 70 илјади луѓе ширум светот.

„Она што го прави голем е неговиот избор на ноти. Наједноставно кажано. Тоа е важно. Она што тој се одлучи да го свири, ние се одлучивме да го сакаме“, рече гитаристот Џо Сатриани, кој се најде на позицијата 13-ти најдобар гитарист на сите времиња, во листата на магазинот „Classic Rock Magazine“ од 2009 година.

Џими Хендрикс го промени лицето на музиката кога слета во Лондон во 1967 година“, вели Бриони Едвардс, уредник на онлајн изданието на магазинот „Louder“.

„Пристигна во тој град кој веќе имаше свои големи гитаристи – Пејџ, Клептон, Бек и други, меѓутоа Хендрикс со жестината на своето свирење ги принуди другите да ја подигнат својата игра“, додава Бриони.