Ученик во Белорусија избоде учителка и друг ученик

Еден средношколец во Белорусија со нож уби учителка и уште еден ученик во училиште, соопшти белоруското Министерство за внатрешни работи.
Според министерството ученикот во 10 одделение ја нападнал наставничката пред денеска да почне со нејзиниот час.
Исто така, избодел два негови соученици кои се обиделе да ја заштитат наставничката во градот Столбци, на околу 65 километри од престолнината Минск.
Наставничката и еден од нападнатите ученици починале на лице место, а двајцата други ученици се сместени во болница.
полицијата го уапсила напаѓачот. Официјални лица рекоа дека мотивите за нападот не се познати.